Добиените поени можат да се користат за плаќање во маркетите на Тинекс.
Единствено што треба да направите е да ја приложите вашата главна Поен+ картичка на каса.
За користење на собраните поени, потребно е вашата Поен+ картичка да биде активирана, односно да бидете регистрирани како член во МОЈ ТИНЕКС клубот. Може да се регистрирате на два начина: со регистрација на вашите податоци на веб страната на МОЈ ТИНЕКС клубот: club.tinex.mk или со пополнување и доставување на формулар за пријавување во нашите маркети.
Поените за плаќање може да се користат со приложување на поен+ картичката (главна или дополнителните, мали картички).
Корисникот со стекнати поени може да плати дел од вредноста на сметката или вредноста на целата сметка.
Минималниот износ на поени кои може да се користат при плаќање на дел од сметка е 50денари(500поени).
Состојбата на вашите собрани поени може да ја проверите на некоја од касите во нашите маркети, на вашата фискална сметка или пак на вашиот профил на club.tinex.mk.
Доколку имате проблем со активирање на вашата картичка, или ви се потребни други информации за лојалната програма ве молиме јавете се на нашиот телефонски број за грижа на корисници:
02 15 552. Контакт ценарот работи од Понеделник до Сабота од 09:00-17:00 часот.
Нашата страна користи колачиња “Cookies” кои помагаат во подобрување на функционалноста и ви овозможуваат најдобро можно искуство при секоја посета.
Со кликнување на копчето “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата.