Мој Тинекс
Што претставува МОЈ ТИНЕКС ЛОЈАЛНАТА ПРОГРАМА?

МОЈ ТИНЕКС е лојална програма наменета за добивање на посебни поволности, привилегии и награди на потрошувачите на Тинекс кои поседуваат Поен+ картичка. Како членови на Мој Тинекс клубот, со секое купување во маркетите на Тинекс добивате поени од одредени производи и според висина на сметката, кои овозможуваат да ги добиете производите со намалување пресметано во поени и да заштедите при секое пазарење. Мој Тинекс е единствената програма за лојалност која ви нуди ексклузивни понуди, неверојатни промоции, подароци и бројни привилегии во семејството на Тинекс.

ПРИВИЛЕГИИ ВО МОЈ ТИНЕКС КЛУБОТ:

ДОБИВАТЕ х3 ПОВЕЌЕ ПРИ КУПУВАЊЕТО
  • Cashback на целата сметка при купувањето во Тинекс маркетите, изразен во поени
  • Дополнителни поени на повеќе од 300 производи
  • Специјални понуди кои важат само со Поен+ картичка
МОЈ ТИНЕКС КЛУБОТ ДОПОЛНИТЕЛНО ВЕ НАГРАДУВА

Членовите на Мој Тинекс клубот добиваат можност да учествуваат во ексклузивни промотивни активности, со кои во зависност од наградниот механизам, можат да станат потенцијални добитници на вредни награди, вредносни ваучери и гратис поени на својата поен+ картичка.

ПОСЕБНИ ПРИВИЛЕГИИ ЗА НАЈЛОЈАЛНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА КЛУБОТ

Како најлојални купувачи, во Мој Тинекс клубот ќе уживате во посебни привилегии, награди и бројни изненадувања кои ги подготвуваме единствено за вас!

УЖИВАЈТЕ ВО ПРИВИЛЕГИИТЕ КОИ ГИ НУДИ СЕМЕЈСТВОТО НА ТИНЕКС

Членството во Мој Тинекс клубот освен во Тинекс маркетите, ви овозможува низа поволности и привилегии во останатите објекти од семејството на Тинекс:
  • Cosmo
  • Tinex Home
како и поволности кај нашите партнери:
- Оптика ZEISS 15% попуст