Дополнително, корисниците на Тинекс клуб картичката Поен+ имаат ексклузивен пристап до голем број промотивни акции за специјални производи по повластени цени на сите продажни места на ТИНЕКС-МТ.
Кога субјектот на личните податоци ја пополнува апликацијата и формата за регистрација за користење на Тинекс клуб картичка Поен+, или комуницира со вработените во ТИНЕКС-МТ и притоа доброволно ги доставува одредените лични податоци кои се зачувуваат, ТИНЕКС-МТ се обврзува дека ќе ги чува и користи имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија и стандардите кои постојат во рамките на Компанијата.
Кои лични податоци ги собираме?
За користење на персонализираната Тинекс клуб картичка Поен+ се процесираат следните податоци:име и презиме, година на раѓање, пол, место на живеење, email адреса, контакт телефон и професија
За кои цели?
Лични податоци ги обработуваме со цел на своите лојални потрошувачи да им овозможиме користење на Тинекс клуб картичка Поен+, со која ќе имаат одредени погодности и предности при купувањето во продажните објекти на ТИНЕКС-МТ.Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на собраните лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци.
Рок на чување на податоците
Личните податоци се чуваат се додека субјектот на личните податоци не ја повлече согласноста. Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече дадената согласност.Обработка на личните податоци
Обработката на личните податоци може да се врши:-по претходно добиена согласност на субјектот на лични податоци;
Обработката на лични податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само доколку личните податоци се обработуваат согласно погоре утврденото.
Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци.
Во прилог на оваа процедура е поставен образец -
Контролорот го докажува постоењето на согласност на субјектот на лични податоци.
Обврска за тајност и заштита на личните податоци
Личните податоци кои се обработуваат се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации.Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат.
Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.
Откривање на вашите податоци
ТИНЕКС-МТ не ги продава, разменува или изнајмува податоците на субјектот на лични податоци на други субјекти,освен во следниве ситуации:-Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци како и останатата важечка регулатива
Чување на вашите лични податоци
-Со цел за максимална безбедност на личните податоци кои се обработуваатТИНЕКС-МТ ги превзема сите можни чекори на заштита.Се користат повеќе безбедносни технологии и процедури кои придонесуваат за заштита на личните податоци од неавторизиран пристап, користење или откривање на истите.-Вработените во ТИНЕКС-МТ се запознаени со сите законски и безбедносни правила кои се однесуваат на заштитата на лични податоци и се обврзани да се однесуваат согласно истите.
-Сите лични податоци кои ни ги доставуваат субјектите на лични податоци, се чуваат на сервери до кои има строго дефинирани и ограничени правила за пристап и истите се лоцирани во безбедносни зони.
Права на субјектот на лични информации да биде информиран
Субјектот на лични податоци има право од контролорот да побара:-Информација дали се врши обработка на неговите лични податоци;
-Кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;
-Увид во податоците, како и дополнувања, измени, бришење или запирање на понатамошна обработка.
Субјектот на лични податоци може да се обрати на офицерот за заштита на личните податоци во ТИНЕКС-МТ , или по електронски пат на pravna.sluzba@tinex.com.mk Офицерот за заштита на лични податоци постапува согласно внатрешните прописи со цел правата на субјектот на лични податоци да бидат остварени на едноставен, брз и ефикасен начин без да се предизвика непотребно одложување или трошоци. Контролорот се обрврзува, субјектот на лични податоци да добие одговор на барањето во рок од 15 дена од денот на прием на барањето.
Доколку субјектот на лични податоци не е задоволен од одговорот и информациите дадени од офицерот за заштита на личните податоци на ТИНЕКС-МТ и доколку смета дека неговите права се повредени, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Кога контролорот одговорил на барањето на субјектот на лични податоци, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеца од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.
ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКИ ПРИГОВОР ДО ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ СКОПЈЕ
Потрошувачки приговор е секоја претставка или поплака со која што потрошувачот пријавува повреда на правата што ги има согласно Законот за заштита на потрошувачите, кој го доставува до трговецот ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
Потрошувачки приговор може да поднесе секое физичко лице кое набавува стоки или користи услуги од ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје, за цели што не спаѓаат во рамките на неговата трговска, деловна, занаетчиска или професионална дејност.
Потрошувачки приговор може да се поднесе на еден од следните начини :
1. Писмено на адреса на ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје, ул.Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 , 1000 Скопје2. На официјалниот е-маил:pravna.sluzba@tinex.com.mk
3. Усно на записник во седиштето на ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје на, ул.Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 , 1000 Скопје, кај лице овластено да прима потрошувачки приговор.
Потрошувачкиот приговор треба да содржи:
• Име, презиме и адреса на поднесувачот• Субјектот на кој се однесува приговорот
• Предмет на приговорот
• Прецизен опис на барањето
• Придружна документација која е потребна при разгледување на приговорот
Анонимните потрошувачки приговори нема да се разгледуваат
Доколку потрошувачкиот приговор се доставува електронски придрушната документација треба да се испрати скенирана во прилог на електронската порака
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје е должен да го евидентира потрошувачкиот приговор , да го разгледа и земе во работа, соодветно да постапи и да му одговори на поднесувачот за основаноста и резултатите од постапувањето во рок од 15 дена од приемот.
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје