ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПРОГРАМАТА
1. Општи информации
1.1. Што претставува програмата Тинекс клуб картичка Поен+?
Со желба на своите лојални потрошувачи да им обезбедиме дополнителни погодности и предности,
ТИНЕКС-МТ воведе програма за лојални потрошувачи, Тинекс клуб картичка Поен+. Со програмата,
преку издавање специјални картички, ТИНЕКС-МТ ја наградува лојалноста на потрошувачите.
Лојалните потрошувачи собираат поени со купување на производи во продажните места на ТИНЕКС-МТ.
Поените потоа можат да се искористат за купување производи од асортиманот на ТИНЕКС-МТ со приложување на Тинекс клуб картичка Поен+ согласно правилата и условите за користење на Тинекс клуб картичката Поен+.
Дополнително, корисниците на Тинекс клуб картичката Поен+ имаат ексклузивен пристап до голем број промотивни акции за специјални производи по повластени цени на сите продажни места на ТИНЕКС-МТ.
2. Правила и услови за користење на картичките
Правилата и условите за членство во Програмата за лојалност
Тинекс клуб картичка Поен+ (во натамошниот текст Програмата) и користење на картичките
Тинекс клуб картичка Поен+ (во натамошниот текст Правила)
ги вклучуваат условите за користење, како и сите други применливи услови, барања и ограничувања што произлегуваат од членството во Програмата. Со зачленување во Програмата,
и со нејзино користење, членовите ги прифаќаат правилата, условите, барањата и ограничувањата наведени во овие Правила.
Правилата се достапни на интернет страницата club.tinex.mk
2.1. Општи дефиниции
2.1.1. Правилата значат договорни одредби со кои се регулирани условите, правилата и обврските кои произлегуваат од членството во програмата за лојалност и истите претставуваат договорен однос помеѓу ТИНЕКС-МТ и членот на Програмата за лојалност;
2.1.2. Тинекс клуб картичка Поен+ значи програма за лојалност на ТИНЕКС-МТ преку која членовите на Програмата за лојалност се стекнуваат со поени и со ексклузивни бенефиции согласно со правилата и со условите за членство во програмата за лојалност;
2.1.3. Тинекс клуб картичка Поен+ значи картичка која е поврзана со сметката на членот на Програмата за лојалност, на која се евидентираат купувањата на членот на програмата за лојалност, стекнатите и искористените поени, како и други информации согласно со условите на Програмата;
2.1.4. Веб страната club.tinex.mk е посебно дизајнирана интернет страница на која се наоѓаат сите официјални информации поврзани со Правилата и со Програмата, а членовите на Програмата можат да го користат за проверка на состојбата на сопствените сметки, за информации за тековни промоции, како и други инфомации од Програмата;
2.1.5. Поен значи вредносна единица која се пресметува врз основа на реализираните купувања во согласност со правилата и со условите на Програмата;
2.1.6. Издавач и сопственик на картичките е ТИНЕКС-МТ (во понатамошниот текст Издавач) ул.,,Васил Ѓоргов,, бр.16/1 мансарда 1, 1000 Скопје, Македонија.
2.1.7. Член на програмата за лојалност и корисник на картичките (во натамошниот текст Член на програмата или Корисник) е секое физичко лице кое: (1) има наполнето најмалку 18 години, (2) има целосно и правилно потполнета, потпишана и активиран Формулар за пријавување, (3) се придржува кон Правилата за користење, (4) членството во програмата не му е привремено или трајно прекинато од која било причина.
2.1.8. Продажно место се сите ТИНЕКС Маркети, Дисконти, Супер Тинекс, Тинекс Деликатесен и Космо Тинекс дрогерии.
2.1.9. Формуларот за пријавување е документ т.е. образец што треба да го потполни правилно и целосно секој потенцијален Корисник.
2.2. Начин на користење на Тинекс клуб картичка Поен+
2.2.1. Пристапување
2.2.1.1. Во програмата Тинекс клуб картичка Поен+ се пристапува исклучиво со подигнување на Тинекс клуб картичка Поен+ на каса во сите ТИНЕКС Маркети, Дисконти, Супер Тинекс, Тинекс Деликатесен маркет и Космо Тинекс дрогерии. Корисникот може да собира поени од моментот на добивање на картичката.
Трошење на поен + поените е можно единствено со претходна регистрација на Корисникот на поен+ картичката. Регистрацијата се врши на следниот начин:
- Со пополнување и со потпишување на Формуларот за пријавување на кое било продажно место.
- Со пополнување на електронска апликација на интернет страницата club.tinex.mk.
За време на процедурата за електронска регистрацијa, се врши верификација на Корисникот по пат на СМС порака и емаил пошта.
По завршување на процесот за верификација,Тинекс клуб картичка Поен+ е активна.
2.2.1.2. Формуларот за пријавување мора да биде целосен, правилно пополнет и потпишан.
Преку своерачен потпис на Формуларот за пријавување, потенцијалниот Корисник изјавува дека е информиран за Програмата и дека се согласува со Правилата и со условите на истата.
При пополнување на електронската апликација на страната club.tinex.mk, Корисникот изјавува дека е информиран за Програмата и дека се согласува со Правилата и со условите на Програмата преку потврдување на полето за согласност, наведено во апликацијата.
2.2.1.3. Корисникот изјавува дека податоците што ги има наведено во Формуларот за пријавување се точни и целосни и дека доколку се изменат, има одговорност веднаш да го извести Издавачот.
2.2.1.4. Издавачот, врз основа на податоците од Формуларот за пријавување или други податоци, според лична проценка и со дискреционо право одлучува дали на потенцијалниот Корисник ќе му ја активира Тинекс клуб картичка Поен+ и дали ќе го зачлени во Програмата, без обврска да ја образложува одлуката на кој било начин.
2.2.2. Стекнување поени
2.2.2.1. Секој Корисник на Тинекс клуб картичка Поен+, има право да добива поени за трансакциите направени на Продажните места. Поени се стекнуваат така што пред купувањето, Корисникот најавува дека сака да му бидат впишани поени, а при плаќањето и во било кој момент додека е отворена сметката, Корисникот ја приложува Тинекс клуб картичка Поен+, за да му бидат впишани стекнатите поени за трансакцијата.
2.2.2.2. При впишувањето поени, Корисникот е должен лично да ја приложи својата картичка на каса.
2.2.2.3. Стекнатите поени за секоја трансакција се евидентираат на личната сметка на Корисникот, најдоцна во рок од 24часа од моментот на добивање на поените.
Стекнатите поени за секоја трансакција се прикажани на фискалната сметка што ја добива корисникот на Тинекс клуб картичка Поен+ за направената трансакција.
Доколку на фискалната сметка не се регистрирани поени од било која причина,
Корисникот треба веднаш да реагира и на лице место, да го пополни Формуларот за поплаки, достапен на каса во секое Продажно место. Со напуштање на продажното место, Корисникот го губи правото на поплака за недобените поени.
2.2.2.4. При плаќање на дел од сумата на сметка со поени, Корисникот добива поени врз основа на артиклите кои носат поени од таа трансакција, како и поени за делот од сметката кој не е платен со поени. При плаќање на цела сума од сметката со поени, Корисникот добива поени само врз основа на артиклите кои носат поени од таа трансакција.
2.2.2.5. Целосна информација за производите со поен+ поени, условите за добивање поени и табелата за пресметување и стекнување поени е достапна на информативните летоци кои се достапни во продажните објекти на ТИНЕКС-МТ и на веб страните www.tinex.com.mk и www.club.tinex.mk.
2.2.2.6. Доколку, во согласност со законските прописи, Корисникот врати одреден производ, а за истиот биле впишани поени на неговата лична сметка, истите ќе бидат сторнирани. При делумно плаќање на сметката со поени, нема можност за враќање на поените, ниту враќање на готовина во денарска противвредност на износот платен со поени.
2.2.3. Увид во состојба
2.2.3.1. Корисникот може да направи увид во состојбата на поените преку најава на корисничкиот профил на страната club.tinex.mk; со приложување на Тинекс клуб Поен+ картичката во сите Тинекс Маркети, Дисконти, Супер Тинекс,Тинекс Деликатесен и Космо Тинекс дрогериите или преку проверка на прикажаните поени на фискалната сметка при пазарувањето.
2.2.3.2. Корисникот може да направи измена на податоците дадени во Формуларот за пријавување, преку пополнување на барање за промена на податоци или преку промена на податоците од корисничкиот профил на веб страницата www. club.tinex.mk.
2.2.4. Користење поени
2.2.4.1. Стекнатите поени имаат номинална вредност за размена еднаква на 1 денар за 10 стекнати поени. (10 поени = 1,00 ден.)
2.2.4.2. Поените од својата лична сметка можат да ги користат само Корисниците на Тинекс клуб картичка Поен+. Вработените во ТИНЕКС-МТ немаат обврска да вршат идентификација на лицата корисници на Тинекс клуб картичката Поен+.
2.2.4.3. Целосна информација за тоа за кои производи и под кои услови Корисникот има право да ги користи стекнатите поени е достапна на www.tinex.com.mk и club.tinex.mk.
2.2.4.4. Поените се користат така што при плаќање, корисникот го информира вработениот на Продажното место дали ќе ги користи стекнатите поени при плаќањето.
Личната сметка на корисникот при таа продажба се намалува за онолкав износ колку што корисникот користи поени. Корисникот со стекнати поени може да плати дел од вредноста на сметката или вредноста на целата сметка.
Поените за плаќање може да се користат со приложување на поен+ картичката (главна или дополнителните, мали картички).
Минималниот износ на поени кои може да се користат при плаќање на дел од сметка е 50денари(500поени).
2.2.5. Ограничувања
2.2.5.1. Поени не можат да се стекнат за делот од сметката платен со поени од Поен+ картичката т.е платениот изност на делот од сметката со поени не влегува во основица за добивање на нови поени.
2.2.5.2. Поените не можат да се заменат за готовина.
2.2.5.3. Поените не можат да се подарат, да се префрлат или на друг начин да се направат достапни за користење за кое било друго лице, освен за носителот на Тинекс клуб картичка Поен+.
3. Дополнителни информации
3.1. Информации и начин на комуникација
3.1.1. Податоци за ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
3.1.2. За официјален начин на комуникација во програмата Тинекс клуб картичка Поен+ ќе се смета комуникацијата по писмен пат или по електронска пошта. Секој корисник при пристапувањето наведува е-пошта (e-mail) за комуникација. За уредно известен Корисник ќе се смета секој корисник на кого му е доставена информација на наведената електронска адреса, од страна на ТИНЕКС-МТ.
3.1.3. Корисникот одговара за точноста на податоците на сопствената Тинекс клуб картичка Поен+ и Формуларот за пријавување. Корисникот е должен да го извести ТИНЕКС-МТ за секоја промена на информациите, односно да ги ажурира истите на начин утврден во овие правила со потполнување на барање за промена на податоци.
3.2. Издавање картички
3.2.1. Единствен овластен издавач на Тинекс клуб картичка Поен+ е ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје.
3.3. Прифаќање на условите за користење
3.3.1. Со пристапувањето кон Тинекс клуб картичка Поен+ програмата за лојалност, корисниците изречно и неотповикливо изјавуваат дека се запознати и дека се согласни со условите за користење на картичките и дека се информирани дека сносат целосна одговорност за секое непочитување на Правилата.
3.4. Губење или злоупотреба на картичките
3.4.1. Губењето на Тинекс клуб картичка Поен+ треба веднаш да се пријави во најкраток рок во било кое продажно место, на нашата служба за лојални корисници 02 15 552 (од Понеделник до Сабота од 09:00-17:00) или на e-пошта: club@tinex.com.mk.
3.4.2. Евентуалната штета направена до моментот на пријавување на губењето на картичката паѓа на товар на Корисникот.
3.4.3. Издавачот ќе направи се што е во негова моќ да издаде нова картичка во случај на губење на Тинекс клуб картичка Поен+ , во најкус можен рок.
3.4.4. Доколку најдете Тинекс клуб картичка Поен+, Ве молиме да пријавите на нашата служба за лојални корисници, или да ја оставите на некое од продажните места на ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје.
3.4.5. Корисникот на картичката е одговорен за одржување на картичката во добра состојба.
3.4.6. Во случај Тинекс клуб картичка Поен+ картичката да биде загубена, корисникот не ги губи стекнатите поени доколку веднаш пријави дека Тинекс клуб картичка Поен+ картичката е изгубена.
3.4.7. Во случај главната Тинекс клуб картичка Поен+ картичка да биде загубена, на барање на Корисникот, а со цел да се избегне злоупотреба на стекнатите поени од друго лице, картичката ќе биде блокирана. Нова картичка ќе му биде издадена на корисникот, а собраните поени од изгубената картичка ќе му бидат пренесени на новата сметка. Новата Тинекс клуб картичка Поен+ се наплаќа во износ од 20 ден. Изгубената картичка останува неактивна и салдото со поени се сведува на нула.
3.4.8. Неовластеното користење, умножување и дистрибуција на картичката е кривично дело и се казнува според закон.
3.5. Престанок на членството
3.5.1. Корисникот може да престане да учествува во програмата Тинекс клуб картичка Поен+ на сопствено барање или може да биде еднострано исклучен од Тинекс клуб картичка Поен+ програмата за лојалност од страна на Издавачот, доколку не се придржува до правилата за користење.
3.6. Измена на условите и Правилата
3.6.1. Издавачот има право еднострано да ги смени правилата и условите за програмата Тинекс клуб картичка Поен+, без согласнот на Корисникот, објавувајќи ги новите услови на веб страната на Тинекс,club.tinex.mk.
3.6.2. Издавачот има дискреционо право да не му издаде картичка на секој потенцијален корисник, без обврска да го образложува тоа, како и привремено или трајно да му ја блокира или да му ја одземе Тинекс клуб картичката Поен+.
3.6.3. Издавачот има дискреционо право, на секој Корисник, привремено или трајно да одбие да му додели поени, да му забрани пристап до поените или да одбие користење на поените без објаснување.
3.7. Престанок на Тинекс клуб картичката Поен+. програмата
3.7.1. Издавачот го задржува правото да ја прекине програмата Тинекс клуб картичка Поен+ за лојалност со претходно известување по е-пошта или на својотата веб страна.
3.8. Политика за приватност и заштита на лични податоци
3.8.1. Сите информации добиени од членовите на Програмата, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани согласно со интерните правила на Издавачот за заштита на лични податоци и соодветните прописи кои се во важност во Република Македонија.
3.8.2. Со прифаќање на условите на Програмата, членовите на Програмата можат да изберат дали Издавачот да ги користи нивните лични податоци за директен маркетинг(SMS и/или e-mail) во согласност со законите во Република Македонија.
3.8.3. Со прифаќање на овие Правила, членот на Програмата се согласува неговите лични податоци да бидат регистрирани, зачувани и обработувани согласно со прописите во Република Македонија и интерните правила на Издавачот.
3.9. Судска надлежност
Корисникот и Издавачот ќе се обидат да ги решат сите спорни прашања спогодбено, а доколку тоа не е можно, Основен Суд Скопје ќе биде надлежен суд.